Утрински Весник
Магазин

Пендаровски се сретна со светски шампион во бодибилдинг: „Нерешено во туркање со рака“

Пендаровски се сретна со светски шампион во бодибилдинг: „Нерешено во туркање со рака“

Како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес федерацијата на Македонија, во Скопје претстојува Михал Крижанек од Словачка, светски шампион во бодибилдинг.

Неговиот претстој за средба го искористи и претседателот Стево Пендаровски, кој објави фотографии од посетата во кабинетот.

„Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек, од Словачка“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“ во прилог на фотографијата каде тој и Крижанек се натпреваруваат во туркање со рака.

Словакот во Скопје е почесен гостин во рамки на меѓународен натпревар во бодибилдинг.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот