Утрински Весник
Свет

Чешка отвора рекорден висечки мост од 721 метар

Чешка отвора рекорден висечки мост од 721 метар

Чешка ќе отвори рекорден долг висечки мост во мај. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјава на планинарите ќе им овозможи кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.

Според странските медиуми, станува збор за мост кој е вистинска атракција и се простира на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри.

Skybridge 721 е изграден во близина на видиковецот Skywalk, платформа висока 55 метри.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?