Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ДУИ: Одбивањето на зголемувањето на платата на наставниците за 2.500 денари е политичка агенда против учениците и родителите

ДУИ: Одбивањето на зголемувањето на платата на наставниците за 2.500 денари е политичка агенда против учениците и родителите
300x250 opst2

Демократската унија за интеграција оценува дека Владата со години покажува голема грижа кон образованието, како многу важен сектор во нашето општество. Одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10% на платите од страна на обединетиот Синдикат за образование, наука и култура, како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар е политичка агенда против учениците и родителите, се вели во соопштението од ДУИ.

Од партијата сметаат дека со одбивањето на понудата дадена од страна на Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците, додека штетата оди на сметка на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на наставниот процес, бидејќи правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот.

Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како овие денешните кога цел свет се соочува со пандемијата, економската и енергетската криза, додека Владата и Министерството за образование и наука прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес.

Демократската унија за интеграција во оваа пригода ги повикува сите наставници и ученици да се вратат во училишните клупи, да продолжат со наставата и воедно апелираме до СОНК да продолжат со дијалогот додека не се најде решение и да не се дозволи бојкотот на наставата да влијае на образовниот процес, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара

Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми

Пешак и куче удрени од автомобил: Човекот со тешки повреди, миленикот починал на лице место