Утрински Весник
Македонија

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, но и со сончеви периоди. Утринските температури до четврток ќе бидат ниски, а дневните од вторник во постепен пораст.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени