Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Денеска нема да има евакуација, Украина и Русија не успеаја да се договорат за коридорорите

Денеска нема да има евакуација, Украина и Русија не успеаја да се договорат за коридорорите
Img 7972

Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за коридори за евакуација за да им помогнат на цивилите кои бегаат од областите погодени од војна, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на патиштата за евакуација. Затоа, за жал, денеска не отвораме хуманитарни коридори“, изјави вицепремиерката.

Верешчук, исто така, рече дека украинските власти побарале хуманитарни коридори за евакуација на цивилите и ранетите украински војници од Мариупол.

Во саботата беа договорени девет хуманитарни коридори за да се овозможи евакуација на цивили. Пет од деветте коридори за евакуација беа од украинскиот регион Луганск, на истокот на земјата.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија