Утрински Весник
Спорт

Ексфудбалерот на Ајнтрахт, Фенин истепан од навивачите во Барселона

Ексфудбалерот на Ајнтрахт, Фенин истепан од навивачите во Барселона

Чешкиот поранешен фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Мартин Фенин имал крајно непријатно искуство во Барселона, каде што отпатувал како навивач на германскиот клуб, но бил нападнат од навивачите на каталонскиот клуб.

Победата на Ајнтрахт на „Ноу Камп“ во мечот од Лига Европа предизвика многу контроверзи во Шпанија бидејќи на трибините имаше над 30 илјади навивачи на германскиот клуб, меѓу кои бил и Фенин. Самиот фудбалер на социјалните мрежи го сподели .то на социјалните мрежи на кое се гледа како е нападнат од зад грб.

„Ова сум јас и мојата сопруга. По мечот, мојата сопруга и јас бевме истепани и потоа поминавме 36 часа во полициска станица, без помош, без храна и вода. Браво Барса, браво Шпанија“, напиша Фенин.

Фенин играше за Ајнтрахт од 2008 до 2011 година, со 96 настапи и 16 гоа, а потоа играше и за Енерги Котбус и Кемницер.

View this post on Instagram

A post shared by Martin Fenin (@martin.fenin_official)

> Ексфудбалерот на Ајнтрахт, Фенин истепан од навивачите во Барселона <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција