Утрински Весник
Македонија

Кабинетот на Петков: Советниците да не водат надворешна политика, прво резултати па преговори за Северна Македонија

Кабинетот на Петков: Советниците да не водат надворешна политика, прво резултати па преговори за Северна Македонија

Советниците советуваат, а не водат надворешна политика. Владата на Кирил Петков е подготвена да даде зелено светло за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ кога ќе има резултати. Ова го изјави Лена Бориславова, шеф на кабинетот на бугарскиот премиер, Кирил Петков.

Бориславова ги коментираше разликите меѓу премиерот и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која во петокот во собранието го обвини премиерот дека води втора надворешна политика, во која огромна улога има неговиот советник за надворешна политика.

„Разговорот со г-ѓа Генчовска е многу ефикасен, како и со сите министри. Состаноците на Советот на министри се одвиваат во многу конструктивен дух“, изјави Бориславова за БТВ, потсетувајќи дека вчера во Битола шефицата на дипломатијата изјави дека се на иста позиција со премиерот.

Можете да прочитате

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар

Мицкоски: Рекордни средства од Буџетот се издвојуваат за здравството, целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Фото: 15 годишен малолетник осомничен за убиството во Тетово, изведен пред суд