Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Азар не сака да замине од Реал

Азар не сака да замине од Реал
Img 7972

Еден Азар и наредната сезона планира да биде дел од Реал Мадрид, открил неговиот брат Килијан. Азар нема место кај Карло Анчелоти и веќе се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата. Неговиот брат тврди дека Еден сака да се наметне во Мадрид. Азар во 2019 година за сума од 100.000.000 фунти од Челси се пресели во Реал.

„Додека не го покаже својот квалитет тој не сака да си оди од Мадрид. Се докажал во сите клубови каде што играл досега, така ќе биде и со Реал“, рекол Килијан.

Сепак братот на Еден Азар не ја исклучува можноста фудбалерот да го напушти Мадрид.

„Доколку претседателот Перез инсистира тој да си замине, тогаш ќе замине. меѓутоа убеден сум во една работа, Еден има голема желба да покаже дека е најдобар играч во Реал“.

Азар последниот натпревар за Реал го одигра во февруари, против Алавес. На тој меч се повреди и ја заврши сезоната.

> Азар не сака да замине од Реал <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025