Утрински Весник
Спорт

Далас не може без Дончиќ – Брејк на Јута во Тексас

Далас не може без Дончиќ – Брејк на Јута во Тексас

Кошаркарите на Далас Маверикс и Јута Џез го отворија плејофот во сезоната 2021/2022. Јута го искористи отсуството на Лука Дончиќ и успеа да направи брејк во Тексас. Јута славеше со 99:93.

Џезерите до победата ги предводеше Донован Мичел со 32 поени и по шест скока и асистенции. Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ постигна 26 поени. Францускиот центар Руди Гобер постигна пет поени, сите од линијата за слободни фрлања,имаше и 17 скокови.

Најдобра играч на Далас беше Џејлен Брансон (24 поени, седум скока и пет асистенции). Најблиску до Брансон беше Спенсер Динвиди со 22 поени и осум асистенции.

Далас ќе биде домаќин и на вториот натпревар, на 19.април.



> Далас не може без Дончиќ – Брејк на Јута во Тексас <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина