Утрински Весник
Свет

Германија испраќа 1 милијарда евра воена помош за Украина

Германија испраќа 1 милијарда евра воена помош за Украина

Германската влада вели дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

Министерот за финансии на земјата, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на 2 милијарди евра, а повеќето од нив ќе бидат наменети за Украина како воена помош.

Овие средства Украина најмногу треба да ги користи за купување воена опрема, објави Асошиетед прес.

Овој потег дојде по притисокот од Украина, бидејќи претседателот Зеленски денеска повторно побара повеќе оружје од земјите што го поддржуваат, но и по критиките од другите влади на ЕУ за „очигледниот недостаток на поддршка од Германија за Киев“.

Можете да прочитате

На Непал му се потребни 4,78 милијарди долари за обнова по поплавите и свлечиштата

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД