Утрински Весник
Македонија

Трактор прегазил човек додека си работел во дворот

Трактор прегазил човек додека си работел во дворот

Шеесет и двегодишен маж од струшкото село Октиси почина откако вчера го прегазил трактор, додека работел во својот двор.

Според информациите од МВР, А.М. изведувал градежни работи во неговиот двор кога трактор кој што се движел неконтролирано го прегазил. Човекот бил донесен во Здравствениот дом во Вевчани, но без знаци за живот.. Лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и полициски екипи и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Скопјанец ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Американец пронајден починат во хотел во Центар

15-годишник со повреди од остар предмет донесен во болница, го повредил малолетник при игра