Утрински Весник
Свет

(Видео) Финска министерка: Голема е веројатноста да влеземе во НАТО

(Видео) Финска министерка: Голема е веројатноста да влеземе во НАТО

Финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, даде интервју за „Скај њуз“ и зборуваше за евентуалниот влез на Финска во НАТО по руската инвазија на Украина.

Таа рече дека Финска е многу веројатно да аплицира за членство во НАТО, додавајќи: „Се чини дека народот на Финска донесе одлука“.

„Руската инвазија на Украина беше повик за будење за сите нас“, рече министерката, додавајќи дека одлуката уште не е целосно донесена.

Да потсетиме, вчера финската премиерка Сана Марин изјави дека Финска ќе ја донесе конечната одлука за аплицирање за членство во НАТО во рок од неколку недели.

Можете да прочитате

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа