Утрински Весник
Магазин

Бракот на Деп и Херд заврши со взаемна злоупотреба, вели терапевтот

Бракот на Деп и Херд заврши со взаемна злоупотреба, вели терапевтот

Поранешната терапевтка за двојки на Џони Деп и Амбер Херд тврди дека тие „меѓусебно се злоупотребувале“ во последните месеци од нивниот бурен брак.

Видео-сведочењето на д-р Лорел Андерсон беше пуштено пред поротниците на третиот ден од судењето за клевета во Вирџинија.

Деп ја тужи својата поранешна сопруга поради статија што таа ја напишала, а во која себеси се опишува како жртва на семејно насилство.

Деп негира каква било злоупотреба и бара таа да му исплати оштета во висина од 50 милиони долари.

Херд поднесе противтужба од 100 милиони долари.

Психотерапевтката рече дека славниот пар бил кај неа на неколку тераписки сесии помеѓу октомври и декември 2015 година. Херд поднесе барање за развод во мај 2016 година по само 15 месеци брак.

И Деп и Херд сакале да ги прекинат сесиите поради расправии.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година

Дневен хороскоп за 30 Јуни 2026 година

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен