Утрински Весник
Македонија

203 санкции за брзо возење

203 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско