Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да даде поголеми плати во образованието, врши притисоци закани и заплашувања

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо да даде поголеми плати во образованието, врши притисоци закани и заплашувања

Власта на СДСМ и ДУИ наместо да одговори на логичните и оправдани барања за повисоки плати на вработените во образованието, врши притисоци и закани. Тоа кое што го говорат синдикалците е само уште еден показател на целокупното владеење на СДСМ. Тие проблемите ги решаваат со закани, заплашувања и притисоци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека вработените во образованието оправдано бараат повисоки плати бидејќи тоа ги следува согласно колективниот договор. И нив како и сите граѓани ги погодува силната инфлација која во месец март достигна 8,8%, а клучните трошоци за живот поскапеа од 30 до 110%

Власта наместо со закани треба да им одговори на просветарите како е возможно да нема пари за повисоки плати, а да има милион евра за криминални физибилити студии, 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги и 2,5 милиони евра за службени возила.

Власта на СДСМ и ДУИ треба да признае дека поради нивната лоша економска политика 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, економијата тоне, растат долговите, а стандардот на народот од ден во ден е се полош, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите