Утрински Весник
Спорт

Рома му покажа на Бодо кој е „газда“, Марсеј и Феенорд во полуфиналето на КЛ

Рома му покажа на Бодо кој е „газда“, Марсеј и Феенорд во полуфиналето на КЛ

Италијанскиот калчолигаш Рома ја покажа својата сила на реваншот против Бодо совладувајќи го со 4:0 на „Олимпико“. Овој убедлив триумф го покри минималниот пораз на тимот на Жозе Мурињо од првиот четврт-финален дуел во Конференциската лига на УЕФА. Николо Заниоло беше херој на „волчицата“ откако постигна хет-трик, а серијата голови ја отвори Тами Абрахам.

Во полуфиналето се пласираа и Феенорд и Олимпик Марсеј, придружувајќи му се на Лестер. Олимпик Марсеј и вторпат го совлада ПАОК, овојпат со 0:1 на гости. Феенорд исто така оствари гостинска победа од 1:3 против Славија Прага.



> Рома му покажа на Бодо кој е „газда“, Марсеј и Феенорд во полуфиналето на КЛ <

Можете да прочитате

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство