Утрински Весник
Свет

Зеленски: Европските земји кои и натаму купуваат руска нафта, плаќаат со крв

Зеленски: Европските земји кои и натаму купуваат руска нафта, плаќаат со крв

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта овозможуваат профит со крвта на други луѓе.

Во интервју за Би-би-си, Зеленски ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго, а Русија годинава може да заработи до 250 милијарди фунти од продажбата на енергенси – повеќе од една третина во споредба со минатата година.

Расте незадоволството кај украинското раководство од Германија, која поддржа некои санкции против Русија, но не поддржа построги мерки во однос на продажбата на нафта.

„Некои од нашите пријатели и партнери разбираат дека сега е поинакво време, дека веќе не е прашање на работа и пари. Ова е прашање на опстанок“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Путин: Влегувањето на европски трупи во Украина би значело војна со Русија

Бројот на заразени со ебола надмина 7.000 во ДР Конго

Израел активираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи потрес со јачина од 4,1 степен