Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тренчевска: Работиме на овозможување на пријатни услови за живот на бегалците од Украина

Тренчевска: Работиме на овозможување на пријатни услови за живот на бегалците од Украина
Img 7972

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Здружението на Украинци во Македонија.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата се разговарало за статусот на бегалците од Украина кои доаѓаат во Северна Македонија, кои се нивните права и можности при престојот тука.

„Како држава одговараме согласно законските одредби, прво е потребно луѓето да се здобијат со статус. Со нивна одлука тие можат да се стекнат со статус на привремена заштита или да поднесат барање за азил“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика е дел од координативниот штаб во справување со предизвиците со кои се соочуваме во однос на бегалците од Украина.

„Целта како министерство ни е да ги овозможиме основните човекови права како што се образование, здравствена заштита и право на вработување. Секој бегалец може засебно да се пријави во релевантните институции и да ги помине потребните постапки за да се стекне со правата кои законски им следуваат“, изјави Тренчевска.

Министерката истакна дека Владата и Министерството се залагаат за обезбедување на сите човекови права за оние што се во незавидна позиција.

Можете да прочитате

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор

Штрајк во М-НАВ, затворање на македонското небо на 20 и 24 октомври – директорот спречува синдикални состаноци