Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Мариупол: „Азов“ и маринците сѐ уште го бранат гардот, ќе остане украински

Градоначалникот на Мариупол: „Азов“ и маринците сѐ уште го бранат гардот, ќе остане украински

Утрово, градоначалникот на опколениот Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека градот сѐ уште се бори и дека ќе остане украински.

Бојченко ги нарече лажни вести руските извештаи за освојувањето на градското пристаниште и предавањето на повеќе од илјада украински борци, пренесува ДПА. Тој град на брегот на Азовското Море сè уште го бранат припадниците на Азовскиот баталјон и морнарицата, рече Бојченко, кој е надвор од градот.

Мариупол со недели е под опсада на руските сили. Поголемиот дел од градот е уништен, а условите за живеење на преостанатите граѓани се катастрофални.

Русите продолжија да ги бомбардираат Харков, Донецк и Запорожје во текот на ноќта, соопшти утрово украинската армија. Украина очекува нова голема руска офанзива на истокот на земјата.

Можете да прочитате

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море