Утрински Весник
Култура

Почина актерката Мајда Тушар

Почина актерката Мајда Тушар

Утрово, на 72-годишна возраст почина актерката Мајда Тушар (1950-2022). Веста ја објави Драмскиот театар на „Фејсбук“, каде што што таа работеше од 1972 до 2015 година.

Мајда Тушар дипломира актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности – Скопје и веднаш по дипломирањето, активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се:
Рут во „Дејството на гама-зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула вавилонска“ (1990).

Добитник е на следните награди:
1994 г. – наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот.
1978 г. – актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1978 г. – наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1999 г. – награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.

Текстот Почина актерката Мајда Тушар е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“