Утрински Весник
Македонија

Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот

Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот

Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни , а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.

Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов на прес-конференција истакна дека утрово интензивно преговарале со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, но претодно неопходна е консултација со синдикалните организации за предлогот.

До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка