Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украински власти: Четворица цивили загинаа во денешното гранатирање на Харков

Украински власти: Четворица цивили загинаа во денешното гранатирање на Харков
300x250 opst2

Гувернерот на украинската област Харков, Олех Синјехубов, соопшти дека при денешното руско гранатирање на градот Харков загинале четворица цивили, а уште 10 се ранети.

Во изјавата, украинскиот функционер ги повика и жителите на некои градови да се евакуираат, бидејќи наведе дека се очекува да има воени операции во таа област, пренесува Ројтерс, истакнувајќи дека не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека руските сили продолжуваат со ракетни и артилериски напади врз воената и цивилната инфраструктура во областите на Харков, Доњецк и Запорожје, пренесе Укринформ.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија