Утрински Весник
Свет

Чавушоглу: Ако ОН ѝ воведат санкции на Русија, Турција ќе се придружи

Чавушоглу: Ако ОН ѝ воведат санкции на Русија, Турција ќе се придружи

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу најави дека Анкара ќе мора да се приклучи на санкциите против Русија доколку тие бидат одобрени од ОН.

„ Турција го почитува меѓународното право, ќе водиме балансирана политика. Доколку ОН воведат санкции кон Русија, Турција ќе биде принудена да им се придружи“, рече Чавушоглу во денешното интервју за рускиот канал НТВ, пренесува ТАС С.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека Анкара нема да се приклучи на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија поради актуелната ситуација во Украина.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман