Утрински Весник
Свет

Словенија ги укина маските

Словенија ги укина маските
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Словенија поради подобрата епидемиолошка состојба од денеска, носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка се’ уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада.

Носењето маски е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи.

аските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.

Укинувањето на задолжителното носење маски го изгласа Владата поради континуираното подобрување на епидемиолошката состојба во последните недели.

Во последните 24 часа се потврдени 1.535 новозаразени со коронавирус, односно 577 заразени помалку од една недела претходно, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј