Утрински Весник
Свет

Најмалку 123 лица загинаа во тропска бура на Филипините

Најмалку 123 лица загинаа во тропска бура на Филипините
Dik 300x250 mk

Најмалку 123 лица загинаа во поплавите и одроните на Филипините, кои ги предизвика тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на земјата, а армијата се уште ја продолжува акцијата за пребарување и спасување.

86 жртви се регистрирани во Бејбај, планинска област подложна на лизгање на земјиштето во провинцијата Лејте, каде се повредени 236 лица, според извештајот на градските власти, пренесува Ројтерс.

Десетици луѓе се водат како исчезнати, а десетици илјади ги напуштија своите домови и сега се во центрите за евакуација.

„Операциите за пребарување, спасување и спасување ќе продолжат“, соопшти денеска на Фејсбук единица на филипинската армија во Бејбај.

Бурата Меги, која стигна до копното во неделата со постојани ветрови до 65 километри на час и налети до 80 километри на час, оттогаш ослабе, а повеќе од 162.000 раселени лица моментално се во засолништа во центрите за евакуација, додека други 41.000 се засолниле кај роднини, покажуваат владините бројки.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени