Утрински Весник
Свет

Британка штрајкуваше со глад за нејзината најдобра пријателка од Украина да добие виза

Британка штрајкуваше со глад за нејзината најдобра пријателка од Украина да добие виза

Самохрана мајка на осумгодишно девојче, британката Ранд Платингс, успеала да добие виза за својата најдобра пријателка од Украина штрајкувајќи со глад 12 дена. Платингс, која живее во Кембриџ, ќе ѝ биде домаќинка на пријателката Кристина Корниук (34) од Киев.

Таа им рече на новинарите дека апликацијата за виза била поднесена само неколку минути откако минатиот месец беше воспоставена програмата наречена „Шема“ за спонзорство на Украина. Штрајкот со глад го започнала на 1 април, кога сфатила дека ништо конкретно не се случува. Таа рече дека верува оти „одложувањето на издавањето визи само придонесува за ваква страшна хуманитарна криза“.

Ранд Платингс е извршен директор на добротворна организација и го прекина штрајкот со глад во вторникот, откако Корниук доби виза.

Храбрата Британка рече дека има намера да ја продолжи кампањата насочена кон побрзо издавање визи за Украинците, но на други начини. Таа посочи дека се повеќе луѓе чекаат за визи.

Таа го обои својот дом во Кембриџ со боите на украинското знаме како поддршка на пријателите во таа земја. Британката раскажа и дека нејзината осумгодишна ќерка Саманта „вреска од радост“ кога дознала дека и е одобрена виза за Кристина.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија