Утрински Весник
Економија

Николовски: Ги зголемуваме трговските капацитети со Република Турција

Николовски: Ги зголемуваме трговските капацитети со Република Турција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес оствари работна средба Вахит Киришчи, министер за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција.

Двајцата министри ја потврдија досегашната трговска размена помеѓу двете пријателски земји и ги прецизираа идните активности во насока за зголемување на трговските капацитети и обезбедување на дополнителни количини на вештачки ѓубрива за нашите земјоделци.

Министрите на работниот состанок изразија заедничка согласност за реактивирање на земјоделската насочувачка комисија, која повеќе од 10 години не е во функција, а чија клучна цел е проширување на палетата производи за кои би имало намалување на царинските стапки од страна на двете земји.

На средбата министерот Николовски со својот турски колега Коришички разговараше и за продолжување на соработката помеѓу двете држави околу моделот за осигурување на земјоделски поседи на којшто во моментов работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија

Дијаспората во Македонија лани испратила 310 милиони евра