Утрински Весник
Свет

Торнадо во Тексас – повредени над 20 лица

Торнадо во Тексас – повредени над 20 лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десетици луѓе се повредени кога неколку торнада го погодија центарот на Тексас, соопштија официјални лица на таа американска сојузна држава.

Невремето беше најинтензивно во Салад, околу 80 километри северно од Остин, а окружниот судија во Бел, Дејвид Блекбурн, изјави дека 23 лица се повредени, од кои едно потешко, додека вкупно дванаесет лица се пренесени во болници.

Тој додаде дека разорното торнадо во вторникот урна и преврте големи дрвја, а зградите беа претворени во урнатини, додека далноводите и столбовите беа расфрлани насекаде.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа дека за време на тоа невреме паднал град со големина на грејпфрут, а во вторникот биле забележани торнада во Ајова и Небраска, каде силните ветрови собориле гранки од дрвјата и предизвикале штета на покривите, пренесува Ројтерс.

Центарот за предвидување бури денеска прогнозираше нови торнада во делови од американскиот среден запад и долината Мисисипи, а најлошо време би можело да биде во областите како Литл Рок, Арканзас и Тенеси, додека во четврток во поголемиот дел од западна и централна Северна Дакота, каде што има е силна снежна бура, очекува и до 60 сантиметри снег.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа