Утрински Весник
Свет

Захарова: Ништо нема да ги спречи целите на специјалната операција на Русија во Украина

Захарова: Ништо нема да ги спречи целите на специјалната операција на Русија во Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ништо нема да го спречи исполнувањето на целите и задачите на специјалната операција на Руската Федерација во Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Како што рече Захарова, ниту снабдувањето на Киев со оружје од западните земји, ниту заплашувањето нема да ја одвратат Русија од исполнување на нејзините цели и задачи во Украина, пренесува РИА Новости.

„Сакам уште еднаш да потврдам дека никакво снабдување со западно оружје за Киев, никакви терористички методи на војување на украинските вооружени групи, вклучително и заплашување, пропаганда, фалсификување, дезинформации, закани, ништо нема да го попречи исполнувањето на целите и задачите поставени од Русите“, рече Захарова на брифингот.

Руската и украинската страна ги продолжуваат преговорите за решавање на ситуацијата во Украина во онлајн формат, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Руско-украинските преговори за договор за решавање на ситуацијата во Украина продолжуваат и се водат онлајн“, рече Захарова на брифинг, пренесува РИА Новости.

Според неа, украинската делегација „ги насочува напорите да не се постигне договор, туку да се одложат преговорите“.

Можете да прочитате

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ