Утрински Весник
Свет

(Видео) Се преврте хеликоптер на вооружените сили на БиХ

(Видео) Се преврте хеликоптер на вооружените сили на БиХ

За време на редовната летачка обука на припадниците на бригадата на воздухопловните сили и воздушната одбрана на вооружените сили на БиХ, на полигонот кај Високо, околу 11.30 часот, дошло до динамично превртување на хеликоптер на земја, соопшти Министерството за одбрана на БиХ.

Според соопштението, се работи за хеликоптер Bell Huey II со четворица членови на екипажот, од кои никој не е повреден.

„Има видливи оштетувања на хеликоптерот“, се додава во соопштението.

Надлежните служби на вооружените сили на БиХ во моментов спроведуваат истрага за причините за превртувањето на леталото.

Повеќе информации ќе бидат познати по завршување на истрагата.

https://www.youtube.com/watch?v=Hmp_es33VSA

Можете да прочитате

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја