Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Германија во паника, имаат гас најдоцна до есен, апелираат до граѓаните – трошете помалку

Германија во паника, имаат гас најдоцна до есен, апелираат до граѓаните – трошете помалку
300x250 opst2

Владата во Германија е во паника поради страв дека поради лошите односи со Русија ќе има недостиг од гас, пренесуваат тамошните медиуми.

Шефот на германската федерална мрежна агенција, Клаус Милер изјавил дека Германија во случај на целосно прекинување на односите со Русија, ќе има резерви на гас до крајот на летото или почетокот на есента.

„Има начини со кои можеме да ја спречиме гасната криза – да ја намалиме потрошувачката или ако успееме да добиеме повеќе гас и да собереме залихи“, изјавил Милер за германскиот весник „Цајт“.

Тој ги повикал граѓаните самоиницијативно да ја намалат потрошувачката за да не се соочат со рестрикции во блиска иднина.

„Приватната потрошувачка е сè уште превисока, но кризата се уште не се одразува во тој сектор“, кажал Милер.

Објаснил и дека се размислува за други, неконвенционални чекори за штедење. Во тој случај, според него, на мета би биле сауните и големите апартмани со една спална соба.

„Мислам дека постојаното загревање на сауните и еднособните станови во иднина не би било оправдано“, додал Милер.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди