Утрински Весник
Македонија

Се укинува изолацијата за блиските контакти на лица кои се заразени со коронавирус

Се укинува изолацијата за блиските контакти на лица кои се заразени со коронавирус

Владата ја укина мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на Ковид-19.

Од Владата информираа дека за нив останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден Ковид.

Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории. Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.

Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски.

Владата силно ја афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

 

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание