Утрински Весник
Економија

Димитриеска-Кочоска: Владата е виновна за рекордната инфлација во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата е виновна за рекордната инфлација во Македонија

Единствени виновници за инфлацијата која што во Република Македонија руши рекорди е оваа Влада, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање во Ново Село, Штип каде што се отвори спортски центар.

„Инфлацијата во Македонија се случува од август 2020-та година со покачување на цената на електричната енергија. Јас од 2021 година од месец јануари во континуитет известував дека имаме пораст на цените“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа образложи дека кога доаѓа до покачување на електричната енергија логично е дека ќе дојде до покачување и на останатите цени, особено на основните продукти. Рече без оглед на тоа какви одлуки се носат сега, тие се задоцнети.

„Ако ЕСМ државното производство на електрична енергија се уште го води вака како што го води односно речиси и да немаме производство, ние ќе имаме многу потешки месеци пред нас. Така да погрешно се поставени работите комплетно од самиот старт“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Во однос на тековниот штрајк во образованието, Димитриеска Кочоска истакна дека просветните работници ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и партијата смета дека тие треба да го добијат заслуженото покачување на платите.

Можете да прочитате

По 18 месеци за првпат паднаа цените на кафето

Министерство за енергетика: Исплатени средствата за добитниците од претходната програма за субвенции

МФ: Исплатена нова транша  кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании