Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

10-годишнина од убиствата кај Смилковското Езеро – градоначалниците на Бутел и Гази Баба запалија свеќи

10-годишнина од убиствата кај Смилковското Езеро – градоначалниците на Бутел и Гази Баба запалија свеќи
300x250 opst2

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, по повод 10 години од масакрот на Смилковското езеро, кога животот го загубија млади луѓе, утрово положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред споменикот пставен на местото на убиството.

„Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски невини луѓе кои ги загубија животите на Смилковското езеро. На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче. Во нивна слава и чест заедно со градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски положивме свежо цвеќе и запаливме свеќи на споменикот поставен на местото на убиството“, порача Стефковски.

На 12 април 2012 за време на Велики четврток беше извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Можете да прочитате

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“