Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Саркози го поддржа Макрон

Саркози го поддржа Макрон
300x250 opst2

Поранешниот француски претседател Никола Саркози го поддржа актуелниот претседател Емануел Макрон пред вториот круг од претседателските избори во Франција.

Мислам дека тој го има потребното искуство додека се соочуваме со длабока меѓународна криза, посложена од кога било“, напиша Саркози на „Твитер“.

Да потсетиме, Макрон во неделата во првиот круг од претседателските избори доби 27,8 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Марин Ле Пен – 23,1 отсто. На трето место е Жан-Лук Меланшон, кој освои 22 отсто од гласовите и ги повика своите гласачи во неделата да не гласаат за кандидатката на десницата Ле Пен, која му беше ривал на Макрон на претходните избори во 2017 година.

Макрон потоа победи во вториот круг со 66,1 отсто од гласовите. Сепак, аналитичарите предвидуваат понеизвесни резултати од годинешните претседателски избори во Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас