Утрински Весник
Свет

Патувањето на Карл Нехамер во Москва предизвика несогласувања во австриската коалиција

Патувањето на Карл Нехамер во Москва предизвика несогласувања во австриската коалиција

Патувањето на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин предизвика критики од коалициските партнери – Партијата на зелените.

Зелените не биле консултирани за посетата на Нехамер на Москва и дознале за тоа од медиумите.

Пратеничката на зелените, Ева Ернст Џиџиќ, ја критикува посетата на Нехамер.

„Не ја поддржувам таа посета“, рече таа.

Лидерот на зелените и вицеканцелар, Вернер Коглер, беше поумерен и на својот коалициски партнер му порача дека се надева оти посетата е усогласена со ЕУ.

Исто така, речиси сите опозициски партии во Австрија беа против посетата на Нехамер на Москва, со образложение дека не треба да му даваат платформа на Путин да ги искаже своите ставови.

Само Партијата на слободата (ФПО) ја поддржа иницијативата на канцеларот.

Можете да прочитате

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон