Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски со највисоки државни и воени почести пречекан во Црна Гора

(Видео) Пендаровски со највисоки државни и воени почести пречекан во Црна Гора

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Подгорица со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со што почна неговата дводневна официјална посета на Црна Гора.

По тет-а-тет средбата на Пендаровски со Ѓукановиќ, делегациите на Северна Македонија и Црна Гора одржаа пленарен состанок на кој беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави.

Во контекст на регионалната соработка, се разгледаа и прашањата од значење за европската иднина на двете држави, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина.

Пендаровски денеска ќе оствари средби и со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во среда – 13 април 2022 година, во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Можете да прочитате

Се избира директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Втор ден гори објект во старата скопска чаршија

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници