Утрински Весник
Економија

Влада: Со антикризните мерки поевтини цени на горивата

Влада: Со антикризните мерки поевтини цени на горивата

Поради владините одлуки со кои се намали акцизата и ДДВ за нафтени деривати, се амортизираа ценовните разлики и од денес цените на горивата се намалени, велат од Владата потсетувајќи дека дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар.

Од Владата наведуваат дека соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива.

„Во услови на светска енергетска криза, Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова се само дел од резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата за заштита на животниот стандард на граѓаните и задржување на ликвидноста на компаниите. Со владините мерки го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите и граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја“, велат од Владата.

Покрај сите овие мерки, како што се додава во соопштението, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Владата издвои речиси 615 милиони евра до сега, за справување со предизвиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

Можете да прочитате

Угостителски услуги во ноември зголемени за 5.0 % во однос на лани

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

Министерството за енергетика го објави списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија