Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Баерн Минхен сака да го купи Нкунку како замена за Левандовски

Баерн Минхен сака да го купи Нкунку како замена за Левандовски
300x250 opst2

Германскиот првак Баерн Минхен реагира експресно по најавите дека полскиот интернационалец Роберт Левандовски ќе си замине од „Алијанц арена“ по завршување на сезоната. Раководството на клубот веднаш се активираше да бара негова замена, а прв „пик“ е офанзивецот на Лајпциг, Кристофер Нкунку.

23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и на 42 меча постигна 28 гола и запиша 18 асистенции. За него се интересираат и Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а Лајпциг ќе бара отштета од 60 милиони евра.

Полските медиуми вчера објавија ексклузивна информација дека Левандовски ги известил челниците на Баерн Минхен дека на лето ќе го напушти клубот, една година пред истекот на неговиот договор, и дека во преговори за трансфер во Барселона.

> Баерн Минхен сака да го купи Нкунку како замена за Левандовски <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона