Утрински Весник
Свет

Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје

Зеленски: Украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол, но ни треба тешко оружје

Во своето последно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските сили би можеле да ја прекинат опсадата на Мариупол доколку им дадат тешко оружје.

– Што се однесува до оружјето потребно за одбрана, ние се уште зависиме од нашите партнери. За жал, не добиваме доволно оружје што ни е потребно за што поскоро да ја завршиме оваа војна, целосно да го уништиме непријателот на наша територија и да ги исполниме сите оние задачи што се очигледни за нашиот народ за деблокирање на Мариупол – рече Зеленски.

Тој рече дека тоа би можеле да го направат доколку имаат млазни авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија.

– Треба уште да ги убедиме нашите партнери. Сигурен сум дека ќе добиеме речиси се што ни треба. Но, времето не е единственото нешто што го губиме, ги губиме животите на Украинците, животи кои повеќе не можат да се вратат – рече украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026

Кина и Индија договорија одржување на динамиката во билатералните односи

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина