Утрински Весник
Магазин

Мадс Микелсен не сака целосно да се соживее со улогите

Мадс Микелсен не сака целосно да се соживее со улогите

Методската техника на глума што ја применуваше Лејди Гага – „Куќата Гучи“, Џаред Лето – „Морбиус“ и Џереми Стронг –  „Сексијанс“, неодамна привлече многу коментари на насловните страници, но оваа техника воопшто не му одговара на Мадс Микелсен.

Методски пристап е техника на глума кога актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално.

Данскиот актер (56) во интервју за GQ го промовираше својот нов филм „Фанатстични ѕверки: Тајните на Дамблдор, во кој го замени Џони Деп како злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд.

Актерот призна дека не ја гледал „Куќата Гучи“ ниту „Наследство“ (Succession), но кога го прашаа за оживувањето на ваквиот метод на глума, тој имаше едноставен одговор: „Тоа се глупости.“

„Оваа метода требаше да се отфрли од самиот почеток! Како треба да се подготвите за сериски убиец? Дали ќе поминете две години за да го проверите тоа?“ вели Макс.

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден