Утрински Весник
Свет

Германскa министерка поднесе оставка поради годишен одмор

Германскa министерка поднесе оставка поради годишен одмор

Ане Шпиегел денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата министер за семејство на Германија, откако изби скандал со минатогодишната одлука да оди на одмор по разорните поплави во сојузната држава.

Шпиегел, член на Зелените, е првиот министер што ја напушти владата на канцеларот Олаф Шолц, која сè уште ја сочинуваат неговите социјалдемократи (СПД) и Либералната партија на слободните демократи.

„Денес, поради политички притисок, решив да поднесам оставка од функцијата федерален министер за семејни прашања“, рече Шпигел, која во неделата се извини за четиринеделната пауза веднаш по големите поплави во 2021 година.

Во тоа време таа беше министерка за животна средина во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц, која беше најтешко погодена од поплавите во кои животот го загубија повеќе од 170 луѓе.

 

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица