Утрински Весник
Спорт

Полјаците тврдат дека Левандовски ќе го напушти Баерн

Полјаците тврдат дека Левандовски ќе го напушти Баерн

Роберт Левандовски нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен. Оваа одлука тој му ја соопштил на претседателот на клубот, Оливер Кан. Оваа информација ја објави Радио телевизија Полска.

Левандовски има договор со Баерн до јуни 2023 година. Бил разочаран бидејќи клубот не му понудил нов договор.

Според Полјаците, Левандовски имал желба, откако ќе му заврши да е пресели во Барселона. Не е познато дали Барселона ќе изврши притисок врз него и Баерн да го откупи по завршувањето на оваа сезона.

Левандовски одиграл 369 натпревари за баерн, постигнал 340 голови.

> Полјаците тврдат дека Левандовски ќе го напушти Баерн <

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија