Утрински Весник
Свет

Захарова: Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на дипломатите

Захарова: Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на дипломатите

Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на 18 руски дипломати и шестмина вработени во Амбасадата, изјави денеска за „РИА новости“ портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa.

„Русија ќе одговори соодветно“, рече таа.

Претходно, хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека од Загреб протерува 18 дипломати и шестмина административно-технички вработени во руската амбасада.

Од руското дипломатско претставништво во Хрватска денеска за „РИА новости“ потврдија дека Министерството за надворешни работи на Хрватска побарало некои од вработените да ја напуштат таа земја.

Претходно, хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ-Радман, изјави дека Загреб ќе протера неколку руски дипломати во врска со настаните во Украина.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога