Утрински Весник
Свет

Грлиќ Радман: Воените злосторства во Украина треба да се истражат и одговорните да бидат казнети

Грлиќ Радман: Воените злосторства во Украина треба да се истражат и одговорните да бидат казнети

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави во Луксембург дека е неопходно да се спроведат соодветни истраги за руските воени злосторства во Украина и да се осигура дека одговорните ќе ги сносат последиците.

„ Потребни се соодветни истраги за воени злосторства и одговорните мора да бидат повикани на одговорност“, рече Грлиќ Радман по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Пред почетокот на Советот за надворешни работи, министрите имаа работен појадок со главниот обвинител на МКТЈ, Карим А.А. Кан, а украинската обвинителка Ирина Венедиктова учествуваше на состанокот преку видео врска.

Грлиќ Радман рече дека на средбата ќе зборува за важноста на Западен Балкан и стабилноста во областа.

Неколку министри од земјите-членки го поддржаа зајакнувањето на санкциите против Русија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, кој неодамна ги посети Киев и Буча со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, рече дека новите санкции се секогаш на маса.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени рече дека Комисијата работи на детали во врска со забраната за увоз на нафта од Русија според можниот шести пакет санкции, но дека сè уште ништо не е одлучено.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа