Утрински Весник
Свет

Зеленски: Светот ги игнорира чудовиштата

Зеленски: Светот ги игнорира чудовиштата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските сили за тортура и кукавичлук. Тој рече дека тамошната влада се плаши да ги признае грешките.

– Наместо да ги признае грешките, Русија прави нови. Русија ја негира одговорноста, ги негира направените злосторства, се оправдува себеси – рече украинскиот претседател.

Тој посочи дека „кога кукавичлукот расте, тоа се претвора во катастрофа“.

– Кога луѓето немаат храброст да ги признаат грешките, се извинуваат, се прилагодуваат на реалноста, учат, се претвораат во чудовишта. И кога светот ќе ги игнорира, чудовиштата одлучуваат дека светот ќе се прилагоди на нив – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Макрон во посета на Кина

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама