Утрински Весник
Свет

Експлозија на гас во Мосва: Две лица загинаа, меѓу кои и 12-годишно момче

Експлозија на гас во Мосва: Две лица загинаа, меѓу кои и 12-годишно момче

Најмалку две лица, меѓу кои и едно дете, загинаа денеска, а пет се повредени во експлозија на гас во станбена зграда во Ступино во близина на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Од зградата се евакуирани 60 станари.

– Во експлозијата беа погодени седум лица, од кои двајца загинаа – се вели во соопштението на Министерството.

Извор од министерството за ТАСС изјави дека починало дванаесетгодишно момче, а едно дете е повредено.

Според првичните информации, никој не останал под урнатините.

Експлозијата на четвртиот кат од зградата била предизвикана од истекување на плин поради неисправност на опремата.

Експлозијата предизвика пожар, а надворешните ѕидови се урнаа на првите два ката.

Можете да прочитате

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори