Утрински Весник
Свет
Img 7972

Турција формира специјална авиокомпанија за руски туристи

Турција формира специјална авиокомпанија за руски туристи
Img 7972

Турските власти планираат да создадат специјална авиокомпанија која ќе превезува руски туристи во турските одморалишта, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на турски медиуми.

Веста доаѓа откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сертификатите за сите руски авиокомпании.

Турскиот весник „Сабах“ наведува дека ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор на Турција, бидејќи и Украина и Русија се многу важни за нејзиниот бизнис. Според Интерфакс, новата компанија треба да биде со седиште во Анталија.

„Благодарение на авиокомпанијата, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, пишуваат турските медиуми.

Туркиш ерлајнс наводно се договорил со руските агенции да резервира блокови за седишта за руските туристи на своите летови. Турција наводно очекува најмалку два милиони туристи од Русија.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож