Утрински Весник
Свет

Американски функционер: Генералот кој ќе го води нападот на Украина е познат по својата бруталност

Американски функционер: Генералот кој ќе го води нападот на Украина е познат по својата бруталност

Генералот Александар Дворников, еден од најискусните руски воени офицери, наводно ќе ги води Русите во новите напади што се очекуваат во источна Украина.

Дворников има досиеја за бруталност врз цивили во Сирија и други воени зони, изјавил висок американски функционер, кој побарал да остане анонимен.

Но, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека ниту едно назначување на кој било генерал не може да го избрише фактот дека Русија веќе се соочила со стратешки неуспех во Украина.

„Овој генерал ќе биде само уште еден автор на злосторства и бруталност врз украинските цивили“, изјави Саливан за Си-ен-ен.

„САД, како што веќе реков, се решени да направат сè што можат за да ги поддржат Украинците кои се спротивставуваат на силите со кои ќе командува Дворников“, додаде тој.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна