Утрински Весник
Свет

Фон Дер Лаен му предаде на Зеленски прашалник за членство во Европската унија

Фон Дер Лаен му предаде на Зеленски прашалник за членство во Европската унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон Лаен, на конференцијата во Киев му предаде прашалник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја однесе Украина чекор понапред во добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Говорејќи со украинскиот претседател, шефот на Европската комисија рече дека ЕУ ќе ја поддржи Украина за да се осигура дека нејзиното завршување трае „недели, а не години“, бидејќи процесот е донекаде забрзан со војната.

– Русија ќе доживее економски, финансиски и технолошки пад, додека Украина маршира кон европската иднина, тоа го гледам – рече фон дер Лаен.

Зеленски, добивајќи го прашалникот во плико, ги уверил новинарите дека ќе биде готов за седум дена, јавува Би-би-си.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови